Ingenuity не престанува да не воодушевува, ново видео од површината на Марс

Објавено на 01.06.2022 во Вселена



Ingenuity не престанува да не воодушевува, ново видео од површината на Марс

Малиот хеликоптер Ingenuity, испратен на Марс за да ја истражува планетата од воздушна перспектива, не престанува да ги воодушевува научниците и да ги изненадува своите инженери. Ingenuity го изврши својот 25-ти лет неодамна и така постави нов рекорд.

После успешното полетување и слетување по 25 пат, поминал 704 метри со брзина од 5,5 метри во секунда, што е воедно најдолгиот и најбрзиот лет досега. Долната навигациска камера на Ingenuity ни дава неверојатен увид како изгледа лет од 10 метри над површината на Марс.