Huawei наводно тестира свои чипови

Објавено на 25.02.2023 во Новости



Huawei наводно тестира свои чипови

Минатиот месец протече информација дека Huawei наводно веќе пуштил во производство свои чипови. САД и понатаму ги блокира американските компании за снабдување со чипови, што значи дека кога чиповите на Snapdragon ќе го нема за 4G, тогаш ќе мора Huawei да се снаоѓа.

Проблемот во Кина е тоа што најголемата фабрика SMIC е лимитирана за производство на чипови со 12nm-14nm процес на производство, во споредба со 3nm чипови произведени од TSMC и Samsung. Следниот месец се очекува Huawei да ја открие најновата Huawei P60 серија со 4G верзија на Snapdragon 8+ Gen 1 процесор или 4G Snapdragon 8 Gen 2 процесор. 

Автор: Aleksandar Stankov