Mac Studio и Mac Pro се нови супер-компјутери за „главни режисери“ во филмската индустрија

Објавено на 06.06.2023 во iOs



Mac Studio и Mac Pro се нови супер-компјутери за „главни режисери“ во филмската индустрија

Mac Studio е мал десктоп компјутер што Apple го претстави минатите години и ја доби првата голема надградба. Џенифер Мун истакна дека новото MacStudio ќе добие надградба со Apple M2 Max чипот, што овозможува за 50% побрзо рендерирање на сликите, а воедно го прави и четири пати побрз од другите компјутери.

Претставен е новиот чип на Apple M2 Ultra, кој се состои од два M2 Max чипа со 24 јадрен процесор, 76-јадрен графички процесор, 32-јадрен Neural Engine и вкупно 192GB меморија, што е за 50% повеќе од M1 Ultra. Наменет е пред се за машинско учење, кое што бара големи количини на моќност.

Ќе биде достапен во Mac Studio, што би треало значително да ги забрза можностите за обработка на видеа и фотографии, со што ќе стане најмоќниот компјутер во светот наменет за обработка на видеа и фотографии. Ma cPro исто така добива M2 Ultra чип, што ќе го направи три пати побрз од истиот компјутер со Intel чип. Media Engine ја забрзува можноста со дури седум Afterburner картички и шест видео картички, а благодарение на PCI влезовите, корисниците ќе може да вградат дополнителни картички и така да го прилагодат уредот кон себе. Сето тоа за цена од 1.999 долари за Mac Studio, додека за Mac Pro ќе биде 6.999 долари.