Archos наскоро со ултра тенок Gen 10 таблет

Објавено на 02.08.2012 во Новости



Archos наскоро со ултра тенок Gen 10 таблет

Еден од помалку познатите брендови на таблети на овие простори на својата фејсбук страна прикажа слика на следниот уред кој треба да се појави во наредните 20 дена. Новиот таблет Gen10 ќе биде ултра тенок и со одлични перформанси.

Францускта компанија Archos е главно ориентирана на производство на таблети кои имаат пред се ниска цена, а работат со оперативниот систем Android. Неколку уреди може да се најдат и во Македонија, со нагласување дека имаат многу ниски цени, но речиси непознатитот бренд придонесува за малиот интерес.

Новиот таблет Gen ќе имa екран од 10 инчи, најверојатно четири јадрен процесор, приклучок за тастаура по примерот на Transformer таблетите и HD резолуција, а повеќе детали ќе бидат познати наскоро.