NAVIGON v4.5 за Android сега нуди мапи во 3D

Објавено на 03.08.2012 во Новости



NAVIGON v4.5 за Android сега нуди мапи во 3D

 

Тимот од NAVIGON вчера ја надгради верзија на апликацијата за Android која во новата 4,5 верзија нуди 3D поглед и last mile навигација.

Новиот Panorama 3D поглед им овозможува на корисниците да ги гледаат мапите во 3D од подигнат агол добиени со податоците од NASA. Дури од компанијата велат дека ова ќе имаат подобра ориентација од голем дел од локациите ги препознава и самиот Google Street View.

 

Што се однесува до last mile навигацијата, тоа значи дека апликацијата ќе ви ја сними локацијата каде ќе се паркирате со автомобилот и автоматски ќе се префрли на пешачки режим.

За да ја прослави и рекламира новата надградба, NAVIGON ја намалува цената на апликацијата за 25% до 12 август. Што значи, NAVIGON за Android ќе лини 30 долари, наместо вообичаената цена од 40.

Автор: Aleksandar Stankov