iPad mini сепак во октомври?

Објавено на 27.08.2012 во Новости



iPad mini сепак во октомври?

 

Порталот AllThingsD јавува дека Apple iPad mini ќе дојде во октомври, а не 12 септември кога се очекува Apple да го претстави iPhone 5.

Според AllThingsD, mini таблетот ќе биде претставен точно еден месец по објавувањето на новиот iPhone, значи на 12 октомври, иако се разбира, Apple за ништо од ова нема потврдено официјално.

Други велат дека iPad mini ќе дојде на 12 септември заедно со iPhone 5 – едно е сигурно: додека Apple не изјави ништо официјално, сè друго паѓа во вода.

Доказ дека iPad mini навистина може да дојде на 12 октомври е фактот што претставници од Apple имаат изјавено дека од една страна не сакаат со еден удар да отепаат две муви – iPad mini да не му го одземе вниманието на iPhone 5 и обратно – но, од друга страна истите извори велат дека нема да чекаат до другата година кога ќе треба да се претстави четвртата генерација на iPad.

 





Прочитајте повеќе: