Archos GamePad е таблет за гејмери

Објавено на 31.08.2012 во Новости



Archos GamePad е таблет за гејмери

 

Француската компанија Archos ќе пласира на пазарот уште еден таблет, но овој пат тоа е гејмерски таблет, односно преносна играчка конзола. Тие кои малку подобро ја следат состојбата на пазарот за вакви уреди добро знаат дека PlayStation PSP на Sony e неприкосновен, бидејќи е мултимедијален уред. Сепак,  Archos GamePad е таблет кој се наоѓа во сосема друга лига, односно во делот на игрите за мобилен, па се поставува прашањето колку се исплати да купите ваков уред.

Archos GamePad поседува двојадрен процесор на 1.5 GHz, четири јадрена графичка Mali 400, што е изненадувачки бидејќи сепак не е Tegra 3 која е наменета за подобрување на графиката на игрите за мобилен. На таблетот од 7 инчи се распоредени по четири копчиња на двете страни за контролирање, како и два аналогни управувачи.Во софтверскиот дел ќе има директен пристап до Google Play Store.

Нема сомневање дека игрите за мобилен и таблет се се повеќе квалитетни, но по цена од 150 евра, колку што е планирано да се продава, прашање е навистина дали се исплати. Еден PlayStation PSP е можеби попаметна иневстиција, ако навистина сакате преносен гејмерски уред, а доколку повеќе сакате функционален таблет со можност за повремено играње на некоја игра за убивање на досада имате еден огромен избор на располагање.