iPhone 5 во Т-mobile од 1 декември

Објавено на 08.10.2012 во Новости



iPhone 5 во Т-mobile од 1 декември

Иако низ целиот свет корисниците можат да уживаат во новиот iPhone 5, нашиот прв оператор T-mobile нема абер да ги следи овие светски трендови.

Освен што на официјалната веб-страна нема никакви информации за новиот iPhone 5, иронично е тоа што и T-mobile како да не знаат дека има и повеќе од еден месец како е излезен iOS 6, па така на нивната страница, сè уште се нуди само iOS 5, а уште стојат и официјалните нарачки за iPhone 4S.

Сите знаеме дека Македонија не го ужива тој луксуз секогаш да биде меѓу првите земји кои ги добиваат најдобрите уреди, но во светот на интернетот, би можеле барем уживаме во моќта на информациите – така што барем да знаеме кога би можеле да го очекуваме овој прекрасен смартфон.

Екипата на telefoni.com.mk од неофицијални извори дознава дека Т-mobile ќе почне да го нуди iPhone 5 дури од 1 декември, но (како што гледате) Т-mobile сè уште не ја потврдува оваа информација.





Прочитајте повеќе: