Нов бизнис тарифен модел од Вип

Објавено на 12.10.2012 во Новости



Нов бизнис тарифен модел од Вип

Вип оператор, од денеска лансира нов промотивен тарифен модел наменет за деловните корисници, наречен Vip Free NoLimit.

Како што кажува името, тарифниот модел се состои од неограничени бесплатни минути за разговор и неограничен број на бесплатни СМС пораки кон сите мрежи во Република Македонија.      

Исто така, со Vip Free NoLimit, името на овој нов тарифен модел, деловните корисници на располагање ќе имаат и неограничен интернет, од кој првите 10GB со 3G брзини, како и дополнителни 200 бесплатни минути за меѓународни разговори со деловни партнери во странство.

Новиот промотивен пакет ќе доаѓа по месечна претплата од 3.499 денари (со вклучен ДДВ) што претставува максималниот износ што корисникот ќе го плати за целокупната неограничена комуникација во Македонија.

- „Успешниот бизнис не познава препреки, лимити и непредвидливи трошоци. Истовремено, неговиот успех зависи од квалитетната и брза информација и комуникација. Новиот Vip Free NoLimit бизнис тарифен модел на Вип е вистински одговор на овие очекувања“, изјави Флориан Шварц, раководител на одделот за продукт маркетинг во Вип оператор.

Меѓу другото, месечната претплата нуди и дополнителни попусти. Па така, со склучување на договор во времетраење од 24 месеци бизнис корисниците добиваат 20% попуст на месечната претплата за секој постпејд број кој заедно со префиксот ќе го пренесат во Вип, додека за сите нови претплатнички постпејд броеви со Вип префикс, бизнис корисниците добиваат 10% попуст на месечната претплата.

Понудата е промотивна - важи од 12. октомври 2012г. и ќе трае ограничен период.