Samsung со нова „ѕвезда“

Објавено на 21.10.2012 во Новости



Samsung со нова „ѕвезда“

Корејската компанија ќе лансира нов уред кој ќе припаѓа на ниската класа, односно мобилен телефон со многу ниска цена, а неговото име е Samsung Star Deluxe Duos.

Овој просечен телефон ќе поседува екран со големина од 3.5 инчи со нешто послаба резолуција, односно HVGA. Слабите карактеристики можеби ќе разочараат некого, но Samsung Star Delux не е смартфон, туку обичен мобилен телефон, што значи дека нема да може да користите апликации на него.

Во однос на хардверот кај ваквите телефони најважни се квалитетот на батеријата и присуството на мемориска картичка за една основна негова употреба, а Samsung се погрижи тоа да биде така. Освен просечниот хардвер поседува и камера од солидни 3.2 мегапиксели, а најголема предност е Wi-Fi конекцијата што ќе ви овозможи квалитетен пристап до интернет мрежата, како и работа со две SIM картички.