Apple iPad 4 е вистински шок

Објавено на 24.10.2012 во Новости



Apple iPad 4 е вистински шок

Ако сите вчера навечер очекуваа од Apple презентација на новиот таблет од 7.85 инчи iPad mini, кој е навистина примамлив, никој не можеше да претпостави дека во ист ден ќе биде прикажан и таблетот со екран од 8.9 инчи, односно негова четврта генерација по ред.

Како прв новитет кој се забележува веднаш е новиот процесор A6X кој го нема ниту кај новиот iPhone 5,  а за истиот Apple говори дека има подобрена функција на процесорот за цели 50 проценти. Од друга страна пак, овој уред е наследник на iPad 3 кој се појави релативно неодамна, односно пред само 6 месеци. Затоа се поставува прашањето дали Apple избрза со оваа одлука.

Претходно веќе напишавме дека ќе биде прикажана подобрена верзија на Apple iPad 3, која освен побрз процесор ќе го има и новиот 8 пински приклучок како замена за 30 пинскиот, како и 4G LTE мрежа, но момците и девојките од Купертино како да сакале да побрзаат и на овој таблет кој и всушност нема ништо друго екслкузивно ново да го наречат iPad 4.

За многумина ваквиот потег на Apple е само слаб обид да се фати чекор со конкурентите од Android, но и од Microsoft со нивниот таблет Surface кој треба да го видиме за неколку дена и може да биде вистинска закана за позицијата на iPad. Овој таблет иако го носи бројот 4, воопшто не се разликува суштински од iPad 3, однoсно ја нема потребната доза на воодушевување кога се промовира уред од новата генерација на Apple.





Прочитајте повеќе: