Angry Birds Seasons во знакот на „Ноќта на вештерките“

Објавено на 26.10.2012 во Новости



Angry Birds Seasons во знакот на „Ноќта на вештерките“

Во име на познатиот ден на Запад, „Ноќта на вештерките“, Rovio ја надгради Angry Birds Seasons верзијата со 30 нови нивоа и нови функции.

Меѓу новините се нови духови-цигли, кои не реагираат токму како блоковите на кои сте навикнати. Креаторите на играта ви овозможуваат да правите разни трикови, но за да ги „осетите“ подобро ќе мора да ја заиграте играта.

Па, ако сте заинтересирани да погубите време со Angry Birds, повелете на следниве линкови за Android и iOS – а, во меѓувреме видете го промотивното видео.

Автор: Aleksandar Stankov