Џесика Алба од iPhone се префрли на Windows

Објавено на 30.10.2012 во Новости



Џесика Алба од iPhone се префрли на Windows

Дел од вчерашната промоција на Windows Phone 8 беше и познатата актерка Џесика Алба, која им се придржи на Стив Балмер и Јои Белфиоре на сцената за да им помогне презентацијата на новиот софтвер.

Маркетинг секторот на Microsoft работи навистина вредно во последниот период и покрај интересните реклами, понуди и една агресивна, но суптилна кампања во која се напаѓаат останатите конкуренти. Претходно главниот дизајнер на Windows Phone 8, Белфиоре претходно изјави дека Google направил просечна копија на iOS, додека Apple пак не напредувал со софтверот воопшто во последните неколку години.

Jessica Alba swaps her iPhone for a Windows Phone

Слична порака беше испратена и преку прекрасната Џесика Алба, која се откажа од користењето на iPhone, но исто така добро се снајде и во прикажувањето на опцијата за контрола на содржините на смартфонот, нешто што и е од корист бидејќи и самата е мајка и потребно и е да се заштитат децата.





Прочитајте повеќе: