Apple со два производи годишно !?

Објавено на 14.12.2012 во Новости



Apple со два производи годишно !?

Apple во изминатава година ја прекина долгодишната традиција од лансирање на еден производ за време од една година. Така во 2012-та ги добивме iPad 3 и iPad 4. Дали тоа е знак дека Apple ќе лансира и по два Ајфона на секои шест месеци !?

За ваквата стратегија најзаслужен е новиот извршен директор Тим Кук, кој одлично ја врши својата работа и уште повеќе ја направи профитабилна компанијата. Сепак промоцијата на iPad 4 и iPhone 5 покрена поинакво размислување, односно можноста Apple со лансирање на производите два пати годишно да остварува двоен профит, бидејќи сите податоци покажуваат дека и покрај критиките продажбата и натаму е неверојатно висока.

Тоа може да значи дека новиот iPhone ќе се појави за само шест месеци, но се поставува прашањето што ново ќе може да понуди Apple со секој нов производ, бидејќи еуфоријата кон нив нема да трае вечно. Исто така може да се забeлежи и причината за малите иновации што беа применети кај iPad 4 и iPhone 5, што значи дека Apple ги чува дел од своите адути за следната серија на одличните смартфон и таблет.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: