Sony Xperia Т доби Jelly Bean надградба

Објавено на 25.12.2012 во Новости



Sony Xperia Т доби Jelly Bean надградба

Неочекувано, Sony доби надградба за својот претставник со Android, смартфонот Xperia Т, неколку месеци пред она што беше првично предвидено.
 
Надградбата со Android 4.1.2 Jelly Bean доаѓа како подарок за Божиќ за сопствениците на Xperia Т. Ова ажурирање може да се најде кај меѓународната верзија на овој смартфон (LT30p), и донесува значајни предности како што е на пример, подобар животен век на батеријата. 

Ажурирањето кај одредени Xperia Т уреди  е веќе пристигнато, а кај останатите според најавите треба да се случи наскоро. На ова видео може да се види како изгледа Xperia Т надградена со Android 4.1.2 Jelly Bean.