iPad mini го засени поголемиот брат

Објавено на 01.03.2013 во Новости



iPad mini го засени поголемиот брат

 

Според извештаите на продажба, лансирањето на iPad mini предизвика намален интерес за поголемта верзија на таблетот на Apple iPad и тој тренд ќе продолжи и оваа година. Се очекува во 2013-та да се продадат повеќе од 55 милиони iPad mini таблети иако оваа верзија има пониска резолуција на екранот и послаби хардверски перформанси.

Во наредниот период се очекува да излезе подобрена верзија на iPad mini со Retina Display и побрз процесор за кој се претпоставува дека ќе биде новиот A7 чипсет на Apple. Една од причините за поголемата популарност на iPad mini е неговата пониска цена, која изнесува околу 350 долари, а исто така тој е покомпактен со големина на екранот од 7.9 инчи.

Сепак интересот за таблет со големина на екранот од 10 инчи не е намален само кај Apple, туку и таблетите на Android со слична големина исто така бележат пад на продажбата. Најпопуларни таблети за минатата година се Nexus 7 на Google и iPad mini на Apple. Од останатите брендови добар успех имаа и таблетите од Amаzon Kindle Fire, додека Microsoft Suface беше најголемо разочарување за 2012-та.





Прочитајте повеќе: