Google доби казна од 145.000 евра во Германија

Објавено на 22.04.2013 во Новости



Google доби казна од 145.000 евра во Германија

Комесаријатот за Заштита на Податоците и Слобода на Информирањето во Хамбург издаде казна од 145.000 евра на Google за нелегален пристап и снимање на податоци од незаштитени Wi-Fi мрежи. Регулаторите, ова дело го нарекоа како ‘едно од најсериозните случаи на прекршување на заштита на податоците’ во германската историја. Овој случај е откриен помеѓу 2008 и 2010 година, кога Google пристапил кон незаштитените Wi-Fi мрежи со своите Street View возила и нелегално преземал големи количини на лични податоци вклучувајќи е-маил, лозинки и слики. Компанијата признала дека згрешила и ги избришала податоците од своите сервери. Сепак, регулаторите се уште не се задоволни.


И покрај овој сериозен прекршок, казната од 145.000 евра или околу 189.000 долари нема воопшто да и наштети на компанијата бидејќи претставува само 0,005% од вкупниот профит на Google кој изнесува 3.90 милијарди долари.

Комесарот Johannes Caspar ја изрази својата загриженост за моменталната состојба со казни кои се однесуваат на прекршување на правилото за податоци, а максималната казна може да биде најмногу 150.000 евра. 

Автор: Aleksandar Stankov