Oppo Find 6 со револуционерни промени
Објавено на 13.05.2013 во Новости
Најновиот смартфон на кинескиот производител Oppo ќе има најдобри компоненти кои ќе ги срушат сите рекорди. Oppo Find 6 ќе биде убедливо прв и многу подобар од Samsung Galaxy S IV, HTC One и Sony Xperia Z.
Oppo Find 6 ќе биде првиот мобилен телефон кој ќе го поседува најбрзиот процесор на пазарот Qualcomm Snapdragon 800. Останатите спецификации ги заокружуваат 2 GB RAM, 13 MP главна камера, но исто така и 8 MP која ќе се најде на предната страна што е уште еден рекорд.
Екранот на Oppo Find 6 ќе има големина од 5 инчи со Full HD резолуција. Овој телефон ќе работи на оперативниот систем Android 4.2 Jelly Bean, а бидејќи е најавен за почетокот на есента не е изненадување ако се појави со најновата верзија на Android која доаѓа на 15-ти мај.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.