Chrowdhry: iOS 7 ќе биде најмодерен систем

Објавено на 05.06.2013 во Новости



Chrowdhry: iOS 7 ќе биде најмодерен систем

 

Apple во изминатите 6 месеци од годината беше доста ‘тивок’, но аналитичарот од Global Equities Research, Trip Chowdhry, смета дека овој период бил многу добро искористен од страна на компанијата за да направи редизајн на својот мобилен оперативен систем iOS.

Како што известува Barrons, Chowdhry објавил новo истражување опишувајќи во детали за неговите патувања и своите колеги на неколку различни технолошки конференции во текот на изминатите неколку месеци, каде што тие интервјуирале 'меѓу 400 и 500 луѓе на месец'.

Нивниот заклучок врз основа на тие разговори е дека редизајнираниот iOS 7 на Jony Ive не само што ќе има 'многу едноставен, чист и уреден интерфејс', туку исто така е 'далеку супериорен во однос на сѐ она што ќе биде на располагање на уредите на Apple'.

Колку Apple е сигурен во iOS? Chowdhry е толку убеден што смета дека Apple ќе настапи 'агресивно со патент за секое нарушување од страна на конкурентите кои ќе се обидат да копираат дури и најмала функција од iOS 7'.   





Прочитајте повеќе: