Samsung е подобар од Nokia во Финска

Објавено на 18.06.2013 во Новости



Samsung е подобар од Nokia во Финска

Nokia во последната година имаше позитивни резултати и по подолго време се врати на патеките на успехот. Сепак врвниот смартфон Nokia Lumia 920 со Windows Phone 8 не беше доволен за да се врати водечката позиција.
 
 
Според податоците Samsung е подобар во домашната земја на производителот Nokia кој некогаш важеше за национална гордост. Со тоа се потврдува дека популарноста на Android е присутна насекаде, а особено на брендот Galaxy.
 
 
Сепак битката не е добиена во продажбата на смартфоните од врвната класа, туку во делот на поевтините смартфони од срендата и ниската класа, каде Samsung исто така е многу моќен со огромен избор на различни уреди. 
 
 
Податоците велат дека Samsung продал вкупно 211.000 смартфони, додека Nokia е на второто место со 196.000 за првиот квартал од 2013-та година. На глобалниот пазар исто така доминира Samsung кој ги засени и останатите производители како HTC, Sony, LG и други.
Автор: Aleksandar Stankov