Рекорден интерес за моделите на Nokia Lumia

Објавено на 19.08.2013 во Новости



Рекорден интерес за моделите на Nokia Lumia

И покрај силната конкуренција која во моментов ја имаме во мобилната индустрија, воопшто не е изненадување што одличните смартфони на Nokia Lumia ја имаат својата најдобра позиција на пазарот до сега.

Според Google Trends, има постојан прогрес на пазарниот удел на Windows Phone, а тоа значи зголемување на самите уреди кои работат на овој оперативен систем. Телефоните на Nokia Lumia се познати по својата одлична камера која прави одлични фотографии и во услови на намалена осветленост.

Оваа статистика не доаѓа само од еден модел, но од високо-квалитетните смартфони како Nokia Lumia 928 па се до Nokia Lumia 520. Сето тоа покажува дека продажбата на телефоните на Nokia е зголемена.

За периодот од јуни 2012 до 2013 година, пазарниот удел на телефоните на BlackBerry паднал од 4.6% на 0.7%, додека уделот на Windows Phone се зголеми на 4.5% од 3.7% во истиот период минатата година.

Според податоците на Kantar, Windows Phone се наоѓа на третото место веднаш зад iOS (41.9%) и Android (52%) во САД.