Директорот на BlackBerry ќе заработи милиони од неговата продажба

Објавено на 19.08.2013 во Новости



Директорот на BlackBerry ќе заработи милиони од неговата продажба

Канадската компанија BlackBerry се наоѓа во тешка финансиска состојба веќе подолго време па се посилни се тврдењата дека неизбежна е продажба на мобилниот сектор. Тоа ќе му донесе милионска заработка на Торстен Хајнс извршниот директор на BlackBerry.
 
 
Торстен Хајнс дојде на челната позиција на BlackBerry пред речиси повеќе од една година и за тоа време не успеа да ја подобри состојбата. Но, пред да дојде на функцијата во менаџерскиот договор било предвидено тој да заработи 56 милиони долари во случај на продажба на BlackBerry.
 
 
Сепак има простор за надеж за компанијата која наскоро треба да го лансира новиот премиум смартфон BlackBerry А10 популарно наречен Aristo кој ќе биде првиот уред на компанијата со екран од 5 инчи и врвни компоненти. Дали тоа ќе биде доволно за спас на компанијата ќе зависи од интересот на купувачите, во спротивно управата ќе биде принудена да го стави одделот за мобилни на продажба, а заинтересирани се неколку кинески компании меѓу кои и Lenovo.




Прочитајте повеќе: