Откриени дел од спецификациите на HTC One II

Објавено на 16.11.2013 во Новости



Откриени дел од спецификациите на HTC One II

Следниот водечки смартфон на тајванскиот производител HTC сеуште нема добиено официјално име и за сега се води како наследник на HTC One или HTC M8, но тоа е најмалку важно бидејќи објавени се можните спецификации за овој одличен смартфон.
 
 
На листата нема поголеми изненадувања па така е наведен четири-јадрениот Qualcomm Snapdragon 800 процесор со брзина од 2,3 GHz, 2 GB RAM и 16 GB вградена меморија. Забележителен напредок ќе има кај екранот кој ќе достигне големина од 5 инчи со Full HD резолуција од 1080p, додека пак камерата можно е да биде заменета со нова од 13 мегапиксели.
 
Бидејќи смартфонот се планира за почетокот на 2014-та година тој сигурно ќе биде лансиран заедно со новата верзија на оперативниот систем Android 4.4 KitKat и отприлика ова се сите очекувани компоненти за HTC One II. Можни се и изненадувања бидејќи до тогаш има доволно време за нешто неочекувано.