XBMC е одличен медиа центар за сите платформи

Објавено на 20.11.2013 во Новости



XBMC е одличен медиа центар за сите платформи

XBMC е еден од најдобрите медиа центри кој е бесплатен за инсталирање благодарение на политиката на отворена платформа, а истиот може да го инсталирате на вашиот мобилен телефон или пак компјутер без оглед на оперативниот систем.
 
 
Како и повеќето медиа центри XBMC подржува секакви видови на аудио и видео формати, а што е најважно има голем број на додатоци како временска прогноза. Освен фајлови од вашиот компјутер или мобилен телефон може да прегледувате и видеа, песни и слики од други локални и интернет извори.
 
 
Во програмата на XBMC се вклучени голем број на различни изгледи на корисничкиот интерфејс кои може да ги менувате според вашите желби, а со медиа центарот добивате и голем број на опции како телевизиски контроли, додавање на преводи и креирање на плејлисти.
 
 
Доколку сте заинтересирани програмот XBMC може да го инсталирате на десктоп компјутер или лаптоп со оперативните системи Windows, ОSX и Linux, како и за мобилните платформи Android, iOs и BlackBerry.