Што кога Xbox One би бил смартфон

Објавено на 26.11.2013 во Новости



Што кога Xbox One би бил смартфон

Многу ретко се случува дизајнерите да создадат нешто сосема ново врз база на чиста фантазија и имагинација. За разлика од бројните концепти за идните смартфони како iPhone 6 или Samsung Galaxy S5 добиваме многу интересен концепт кој го презентира Xbox One.
 
 
Концептот е дело на O2 Guru, TechRadar и 3D видео уметникот Raphael. Доколку Xbox One би бил смартфон ќе беше најверојатно фаблет со големина на екранот од 6 инчи, додека пак дизајнот би ги имал истите карактеристични дводелни компоненти.
 
 
Главната намена на Xbox One смартфонот би била да ги носи повеќето функции на гејмерскиот систем со посебна апликација за поврзување и користење на истиот интерфејс. 
 
 
Смартфонот исто така би се поврзувал со џојстикот на Xbox One за играње на посебни мобилни верзии на игрите. Погледнете го видеото и зошто да не можеби Microsoft ќе ја прифати оваа идеја и ќе лансира Xbox One смартфон.