Црниот петок започна - Бесплатни апликации за Android и iOs
Објавено на 29.11.2013 во Новости
Шопинг лудилото во Северна Америка започнува традиционално во петок еден ден по празникот Денот на благодарноста, а производителите нудат екстремни попусти и разновидни поволни понуди. Оваа пракса не ги одминува ниту онлајн продавниците за апликации App Store и Play Store, па проверете можеби омилената игра или апликација е понудена бесплатно.
Apple и Google во овој период ги спуштија цените на најпопуларните игри кои се продаваат по цена и до 5 долари, а сега може да ги најдете бесплатно. Ние ви претставуваме дел од нив. За iPhone може бесплатно да ја инсталирате апликацијата Blux Camera Pro која ви нуди голем број на дополнителни опции за прилагодување на сликите кои не се достапни во интерфејсот на iOs 7.
Понатаму за iOs 7 може бесплатно да ја превземете и апликацијата ToDoGenius Lite која е оценета како една од најдобрите апликации за iPhone за зголемување на продуктивноста и органзиација на вашите обврски.
За Android пак ви предложуваме една интересна игра која сега е бесплатна. Се работи за Soldier vs Aliens која многу потсетува на легендарната Contra, а со неа ќе имате голема забава.
Тука може да ви предложиме и еден бонус кој за жал не е бесплатен, но цената од 4.99 долари е спуштена на само 1.99 долари. Се работи за супер квалитетната Need for Speed Most Wanted.
Автор
Христијан Станоевиќ
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.