PlayStation 4 ја добива битката со XBox One

Објавено на 01.12.2013 во Новости



PlayStation 4 ја добива битката со XBox One

Според првичните резултати PlayStation 4 е многу повеќе баран отколку неговиот најголем конкурент иако и двете конзоли во првиот ден на продажба постигнаа огромни бројки од еден милион продадени уреди.
 
 
Разликата во продажба најмногу е изразена во Европа каде PlayStation 4 е за четири пати повеќе порачуван отколку конзолата на Microsoft. што е за очекување бидејќи традиционално европјаните повеќе ја сакаат конзолата на Sony, но и во САД состојбата се менува.
 
 
Предноста на PlayStation 4 е што е за 100 долари поевтин од XBox One и нема голем број на ограничувања, но исто така се повiкува на хардкор гејмерите на кои им е важен силен систем со голем број на кавлитетни игри. Секако сеуште двете конзоли се во рана фаза на продажба, па тешко е да се одреди кој ќе биде апсолутниот победник иако сега шансите се во полза на PlayStation 4.