Од Кина доаѓа нов рекордер со 2K HD екран

Објавено на 03.12.2013 во Новости



Од Кина доаѓа нов рекордер со 2K HD екран

Meizu MX4G според изјавите на главниот извршен директор Џеј Ванг ќе биде новиот рекордер во мобилната индустрија со досега најквалитетниот екран со резолуција од неверојатни 1536 x 2560 пиксели.
 
 
Новиот смартфон на Meizu ќе има екран со големина од 5.5 инчи и со овој степен на резолуција ќе го сруши рекордот на густина на пикселацијата која ќе надмине 500 пиксели на еден инч и ќе се спротистави на неодамна најавениот Vivo Xplay 3s кој исто така доаѓа од Кина
 
 
Освен најавата на директорот Џеј Ванг за рекордната 2K HD резолуција на екранот за Meizu MX4G сеуште нема официјални податоци каков хардвер ќе поседува, но треба да се претпостави дека нема да се штеди воопшто.