Nokia ќе го уништи HTC со тужби низ цела Европа

Објавено на 22.12.2013 во Новости



Nokia ќе го уништи HTC со тужби низ цела Европа

Nokia е најверојатно најголемиот трол кога се во прашање тужбите за злоупотреба на патент и компанијата подготвува тужби против HTC низ цела Европа, а по нив ќе следи и судски процес кој ќе се води во Соединетите Американски Држави.
 
 
Во еден од првите вакви случаи Nokia издвојува победа над HTC во првостепената постапка пред судот во Велика Британија, но по поднесената жалба судот ја замрзна одлуката за забрана за продажба на HTC One и HTC One mini се додека не започне постапката пред апелациониот суд.
 
Според Nokia во овие уреди се наоѓа технологија која е патентирана, но адвокатите на HTC тврдат дека се работи за минорна компонента и се вршат напори да се отстрани од производството. 
 
 
По судскиот процес во Велика Британија слични тужби Nokia ќе поднесе низ речиси цела Европа, во Рим, Париз, Дизелдорф, како и во САД. Непријателството меѓу двете компании трае од 2012 година, а досега Nokia поднела над 50 тужби против HTC.