Facebook му се заканува на Flipboard

Објавено на 15.01.2014 во Новости



Facebook му се заканува на Flipboard

Facebook е се поблиску до реализирање на идејата за нов медиумски сервис кој ќе се базира од постовите на корисниците, но и на статии од светските медиуми, потег што сериозно може да го загрози Flipboard, досега најпопуларниот електронски магазин.
 
 
Интересно е што Flipboard прв ја фрли ракавицата и по почетниот успех кај корисниците на смартфони се обиде да прерасне во нова социјална мрежа каде главниот акцент ќе биде ставен на споделување на информации, слики, видеа и медиумски содржини, како и можност за коментирање и ставање „лајкови“.
 
 
Можеби токму тоа го мотивираше Facebook поангажирано да настапи во сферата на мобилните телефони и да лансира нова апликација која според најновите информации е наречена Paper (слободен превод весник) и да ги пренесе најважните вести и објави од корисниците на едно место. Paper ќе биде лансиран на најголемите мобилни платформи кон крајот на месецот и ќе има посебна веб верзија.