LG нема да игра како што свири Google

Објавено на 24.02.2014 во Новости



LG нема да игра како што свири Google

LG Mobile одржа прес конференција на која беше истакнато дека нема да ги прифатат новите правила на Google за обврзување за надградбите на оперативниот систем Android кои мора да бидат доставени во точен временски период бидејќи овој процес не зависи од нив.
 
Според LG Mobile приоритет во доставувањето на најновите верзии на Android ќе имаат смартфоните од премиум G класата како LG G2, LG G Flex, LG G Pro 2 и останатите, додека за смартфоните од средната и ниската класа не можат да прифатат никави обврски.
 
Со најновата политика Google ќе се обиде да ги принуди производителите експедитивно да ги реализираат надграбите на Android и да потпишат обврзувачки договор дека ќе ги почитуваат роковите во спротивно може да добијат забрана за кроистењето на сервисите и апликациите на Google.