Селфито на Обама пострашно од кризата во Украина

Објавено на 07.04.2014 во Новости



Селфито на Обама пострашно од кризата во Украина

Речиси на сите веќе им е познат скандалот кој изби меѓу Белата Куќа во Вашингтон и Samsung Mobile кој успеа да закачи селфи фотка со претседателот на САД. Барак Обама се сликаше со бејзбол играчот Давид Ортиз кој пред само еден ден претходно потпишал договор со Samsung и добил висока сума за промоција на Galaxy смартфоните.

На овој наводен скандал реагираше и Белата Куќа со предупредување дека Претседателот на САД не смее да биде искористен во маркетинг кампања за промоција на брендови и најверојатно приказната ќе завршеше тука, но американските медиуми, особено опозициски ориентираните, го искористуваат овој според нив огромен гаф, па во сенка паѓаат вистинските проблеми како кризата во Украина, пукањето во воената база Форт Худ и предизвикот со здраствената реформа.

Советникот од Белата Куќа Ден Фајфер соопшти дека се обратиле до Samsung и ги предупредиле за ваквата грешка во пристапот кон Барак Обама и дека случајот е предаден на адвокатите кои ќе одлучат како ќе постапат понатаму. Исто така е одлучено Барак Обама повеќе да не прави селфи фотки бидејќи ова не е прв пат да западне во неволја, и сите го паметат гафот со премиерите на Данска и Велика Британија за време на комеморацијата на Нелсон Мандела.