HTC One M8 добива поевтина верзија

Објавено на 14.04.2014 во Новости



HTC One M8 добива поевтина верзија

Новински извештај од Азија тврди дека наскоро на пазарот ќе биде лансирана поевтина верзија на HTC One M8 која ќе има неколку промени во дизајнот и хардверските компоненти, но реално од тајванската компанија се уште нема никакви официјални индикации за таков чекор.
 
 
Според нашите претпоставки најверојатно се работи за нов смартфон од средната класа на HTC кој можеби ќе потсетува на знаменосецот HTC One M8, со 5 инчен екран, поевтин четири-јадрен Mediatek процесор, но како дел од HTC Desire серијата и би се продавал по цена од 400 долари без склучен договор, што значи дека овие тврдења за поевтин HTC One M8 можеби се само погрешно протолкувани.