Наскоро Samsung Galaxy Tab 4 за само 150 евра

Објавено на 24.04.2014 во Новости



Наскоро Samsung Galaxy Tab 4 за само 150 евра

Samsung Mobile наскоро ќе лансира посебна верзија на новиот таблет Samsung Galaxy Tab 4 по цена од само 150 евра. Се работи за моделот со големина на екранот од 7 инчи и за да се заштеди ќе биде овозможена само Wi-Fi конекција, што и не така невобичаено за таблетите од средната класа.
 
 
Samsung Galaxy Tab 4 7.0 има LCD екран со големина од 7 инчи и резолуција од 1280 x 800 пиксели, работи на четири-јадрен процесор од 1.2GHz, опремен е и со 1.5GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни преку мемориска картичка, потоа 3 мегапикселна камера, додека пак за софтверот е употребена новата верзија на Android 4.4.2. 
 
Автор: Aleksandar Stankov