Допишување преку Facebook e случај за психијатар

Објавено на 24.04.2014 во Новости



Допишување преку Facebook e случај за психијатар

Facebook се наметна како моќен гигант кој може да троши милијарда долари за купување на помали компании, како што тоа неодамна го стори со WhatsApp. Затоа сервисот за допишување WeChat сними провокативна реклама во која индиректно бара Facebook да го сврти вниманието кон нив.
 
 
Во рекламата Марк Зукерберг основачот на Facebook се исповеда пред психијатар дека и покрај тоа што создал друштвена мрежа голем број на луѓе го бришат од листата на пријатели. Тука е откачениот психијатар кој го објаснува синдромот на социјалните мрежи и допишувањето.

WeChat е една од најбрзо растечките платформи за бесплатни пораки и со 350 милиони корисници го надминаа и Viber, но од друга страна пак немаат голем број на корисници надвор од Азија каде лежи нивната огрoмна база. Можеби преку оваа реклама Марк Зукерберг ќе се заинтересира за WeChat.