Скапа реклама за Bentley целосно снимена со iPhone 5s

Објавено на 18.05.2014 во Новости



Скапа реклама за Bentley целосно снимена со iPhone 5s

Apple и Bentley се два бренда кои асоцираат на моќ, елеганција и луксуз, па сосема е логично да се соработуваат на повеќе начини. Во новите врвни модели на Bentley ќе има вградено два таблети iPad кои ќе се извлекуваат на задната страна од седиштата и се опремени со дополнителна Bluetooth тастатура за поголема технолошка функционалност на автомобилот.
 
 
Целата реклама за ова партнертсво и идеите за дизајн и нови технологии на Bentley се целосно снимени само со iPhone 5s, секако со различни стативи, дополнителни леќи и рамки за прицврстување за да се снима од сите агли, но без оглед на тоа видеото е перфектно, а потоа е монтирано на iPad во самиот Bentley Mulsanne автомобил кој чини неверојатни 300 илјади долари.





Прочитајте повеќе: