Се чуствувате изгубени - Bing Maps има решение

Објавено на 28.05.2014 во Новости



Се чуствувате изгубени - Bing Maps има решение

Bing Maps се еден од најкористените сервиси за мапи и навигација, веднаш зад Google Maps и Apple Maps и досега беа ставени во сенка како резервна опција, но со новата надградба може да добиете многу корисни информации и да ја пронајдете посакуваната локација.
 
 
Во надградбата на Bing Maps се вклучени многу подобри шеми за препознавање на теренот, па така кога зумирате на мапата боите се поизразени, а објектите се означени со посебни икони во зависност од нивниот вид, додека пак улиците и патиштата лесно се забележуваат, што е одлична новина додека патувате или се движите.