Во што лежи силата на iPhone

Објавено на 06.06.2014 во Новости



Во што лежи силата на iPhone

Apple е супер актуелен во изминатиот период по промоцијата на новата верзија на оперативниот систем iOs 8 која донесе еден тон нови апликации, сервиси и отворање на платформата за надворешни софтверски алатки. Една од најинтересните и најкорисните е секако, апликацијата HealthBook кој освен што ќе го користи М7 чипот за следење на активностите на корисникот ќе биде компатибилна и со многу други надворешни фитнес сервиси и додатоци.
 
 
Меѓу нив се најдоа мега популарните апликации и фитнес додатоци како Misfit Shine, miCoach Smart Ball на Adidas, Stronglifts за бодибилдинг и уште многу други алатки за одржување на топ физичка форма. 
 
 
Во најновата реклама за iPhone 5s кој ќе служи само како преоден смартфон до промоцијата на iPhone 6, главната порака на Apple е дека сте помоќни отколку што мислите и со ваков сетап на фитнес додатоци може навистина да успеете во намерите да дојдете до врвна физичка кондиција и секако посакуваното вајано тело.





Прочитајте повеќе: