Google Play против iTunes, трка за престолот

Објавено на 03.07.2014 во Новости



Google Play против iTunes, трка за престолот

Кога гигант од типот на Google, Apple или Microsoft, сака да купи некоја помала компанија со успешна апликација, тоа е најголемото признание што може да го добие таа компанија. Последно такво признание и беше доделено на андроид апликацијата Songza, од страна на Google. Songza е апликација за стримање музика преку интернет, со тоа што самите корисници ги прават листите за музика, а Google се надева дека со купувањето на истата ќе може сериозно да и ги помати сметките на Apple за доминација на пазарот за online radio service.

Главната разлика меѓу Beats и Songza, е во тоа што Songza не користи сложени аглоритми или компјутери во изработувањето на листите за музика. Сите се изработуваат од страна на корисниците, а пребарувањето на истите има напредни алатки, кои детално можат да доловат дадена ситуација со музика ( пр. “Одење во шопинг” , “Возење покрај брегот” и сл.). Интересен факт е што вакви сервиси постојат повеќе од  10 години, а интернет радиото околу 20 години. Сепак, заради напредокот на технологијата во поглед на брзината и стабилноста на интернетот, како и во развојот на смарт телефоните, радиото ја доживува својата втора младост во 2014-та година.

Многумина ќе негираат дека Google направил добра зделка со Songza, која ја доби за 39 милиони долари, но фактот дека Songza се користи на повеќе од  5,5 милиони уреди го зборува токму спротивното. Од друга страна, Apple плати 3,3 милијарди долари за Beats, иако имаа само 100 илјади корисници, но нивниот одсек за уреди и слушалки имаше заработка од 1,1 милијарда долари само во минатата година. Битката меѓу Google Play и iTunes на  Apple е далеку од завршена, иако само од почетокот на оваа година двата гиганти потрошија повеќе од 5 милијарди долари за подобрување на нивните сервиси, како и купување на компании, веќе се најавува нов бран на надоградувања и купувања на нови.

 

Сепак, на крајот кој и да изгуби, ние корисниците ќе победиме, бидејќи здравата конкуренција носи новости, придобивки и технолошки развој наменет за корисниците.