Batman: Arkham Origins е играта која ја заслужуваме
Во текот на наредниот месец ќе трае прославата на големиот јубилеј од 75 години од првото појавување на најпознатиот супер херој на сите времиња Бетмен, па затоа се одржуваат различни промоции на стрипови, филмови, како и игри. Една од најдобрите е Batman Arkham: Origins која конечно ја доби својата мобилна верзија за Android.
Batman: Arkham Origins е третото продолжение на хит играта која ги освои фановите ширум светот и се одвива во првите месеци откако Брус Вејн ќе се врати во Готам Сити и ќе ја облече црната маска и наметка за да стане симбол на правдата и отпорот против корупцијата, криминалот и злото.
Играта за смартфон има одлична оптимизација и добар графички приказ, каде е сочувана борбата гради во гради со бројните непријатели, а контролите на допир се наоѓаат на самиот екран и лесно ќе ги совладате сите техники на движење и акција.
Batman: Arkham Origins може бесплатно да ја превземете од Play Store за Android, а во текот на играта се нудат и различни додатоци за оружјето, надградби на способностите и нови костими кои не се неопходни за прогрес, па затоа нема потреба од трошење на пари.