Samsung повторно се сопна со Tizen

Објавено на 29.07.2014 во Новости



Samsung повторно се сопна со Tizen

Samsung Mobile официјално соопшти дека го одложува лансирањето на првите смартфони кои ќе работат на нивниот оперативен систем Tizen, а еден од нив беше Samsung Galaxy Z кој беше планирано да се пласира во Русија кон средината на есента.
 
 
Од оваа одлука најзадоволен е секако Google кој и понатаму ќе има солидна позиција бидејќи Samsung ќе зависи од оперативниот систем Android и нема да ја добие посакуваната контрола на софтверот со сопствениот Tizen. 
 
 
Тоа, секако не значи и целосен пораз на Samsung бидејќи постои голема веројатност за склучување на подобар договор со Google за предност при добивање на надградбите на Android и други бенефиции. Samsung објасни дека потребно е подолго време за дополнителен развој на Tizen платформата и привлекување на повеќе апликации и сервиси.