Microsoft организира програмерски маратон

Објавено на 30.07.2014 во Новости



Microsoft организира програмерски маратон

Microsoft организира масовен хакатон, настан во кој маратонски се програмира без престан во рок од 36 часа. Целта на компанијата е да ги ангажира сите вработени кои ќе може да ги претстават своите идеи, наместо да работат на секојдневните задачи и обврски.
 
 
Сатја Надела главниот извршен директор на Microsoft истакна дека е време да се стави крај на критицизмот во компанијата и да се превземат конкретни чекори за надминување на проблемите и секако креирање на нови апликации, сервиси и услуги.
 
 
На програмерите на Microsoft ќе им се придружат тимови од целиот свет со што се добива бројка од 10.000 учесници кои до крајот на хакатонот во Редмонд ќе имаат почетни производи и најдобрите идеи ќе добијат подршка од Сатја Надела и ќе се развиваат во иднина.