BitTorrent најави безбедна апликација за разговори

Објавено на 01.08.2014 во Новости



BitTorrent најави безбедна апликација за разговори

Популарниот сајт BitTorrent за споделување на мултимедијална (пиратска) содржина најави нова апликација за безбедна комуникација која ќе ги заштити корисниците од можно прислушкување и упад во личните податоци.
 
 
Нивниот сервис Bleep ќе работи на сличен принцип како Torrent платформата со директна врска меѓу двајца корисници. Комуникацијата наместо преку сервери ќе се одвива преку Wi-Fi и мобилната конекција, а ќе може да се воспоставуваат телефонски повици и да се испраќаат SMS пораки.
 
 
 
 
Идејата на BitTorrent е да им овозможат безбедни разговори на лица кои може да бидат следени од властите, како што се новинари, инсајдери, па дури и политичари и активисти, но и бизнисмени за сочувување на индустриски и деловни тајни. Почетниот процес на регистрација ќе се врши преку маил, телефонски број, како и инкогнито без потреба од внес на лични податоци.