Facebook со нов трик во мобилната апликација

Објавено на 21.08.2014 во Новости



Facebook со нов трик во мобилната апликација

Facebook прави огромни напори за да ги задржи што е можно подолго корисниците на апликацијата за мобилен и затоа не принуди да ја инсталираме посебната Facebook Messenger апликација за испраќање пораки, а сега подготвува нов трик за продолжено користење на интернет.
 
 
Facebook веќе тестира нова алатка со која апликацијата за смартфон ќе има вграден интернет прелистувач, па на тој начин сите линкови кои ги отворате од листата со новости ќе останат во самата апликација, наместо да се префрлаат автоматски на Chrome, Safari или било кој друг прелистувач кој го користите.
 
 
Интернет прелистувачот на Facebook ќе има основни функции како што е сочувување и копирање на текст и слики, како и препраќање или копирање на веб страната која ја посетувате. Овој додаток за смартфон апликацијата на Facebook на почеток ќе биде опционален, што значи дека нема да бидете принудени да го користите постојано.