Family Locator е одлична апликација за секој родител
Објавено на 16.09.2014 во Android
Секој загрижен и внимателeн родител постојано мисли каде се и што прават членовите на неговите семејство кога не се до него. За да бидете мирни и спокојни може да ја користите апликацијата Family Locator која преку GPS ќе ви ја покаже локацијата на членовите на вашето семејство во реално време.
Со Family Locator покрај приказ на локацијата може да испраќате и брзи пораки до уредите кои ви се поврзани, а исто така може да поставите и SOS пораки во итни ситуации. Ако сте родител кој се грижи кога детето некаде патува преку Family Locator ќе добиете и изветувања кога ќе пристигне на одредената дестинација.
Family Locator може бесплатно да ја инсталирате и користите за Android од Play Store и за iOs од App Store, а одредени додатоци како приказ на GPS историјата од последните седум дена по ваша желба се доплаќаат.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.