HTC Desire Eye позира со 13 МП предна камера

Објавено на 07.10.2014 во Новости



HTC Desire Eye позира со 13 МП предна камера

Кога ќе протечат првите слики од смартфон за кој се шпекулира подолго време тогаш сигурно знаете дека станува збор за вистинското нешто. Колку и да звучи чудно новиот HTC Desire Eye ќе има 13 мегапикселна предна камера со што ќе стане најдобриот селфи смартфон на сите времиња.
 
 
HTC Desire Eye е исклучително интересен смартфон кој покрај рекордната 13 мегапикселна предна камера ќе има и 5.2 инчен HD дисплеј, четири-јадрен Snapdragon 801 процесор, 2 GB RAM, 32 GB меморија, 2,400 mAh батерија, 4G LTE конекција, стерео звучници, како и уште една 13 мегапикселна камера на задната страна.
 
Ова се неофицијалните компоненти на HTC Desire Eye кои можеби нема целосно да се остварат но, нема сомневање дека ќе привлече големо внимание кај јавноста, а тоа ќе се потврди на промоцијата на 8 октомври, затоа следете ги нашите извештаи.