Xiaomi одговори на нападот на Apple - Тролањето продолжува

Објавено на 13.10.2014 во Новости



Xiaomi одговори на нападот на Apple - Тролањето продолжува

Xiaomi беше директно посочен од Џони Ајв како компанија најодговорна за копирање на дизајнот на Apple, вклучувајќи го хардверот и софтверот, по што кинезите возвратија на многу „мирен“ начин  без желба понатаму да се конфронтираат, но одговорот може да се смета за врв на тролањето бидејќи лесно е да се направи паралела меѓу интерфејсот на iOs и MiUI, како и на дизајнот на MiPad, промотивните материјали и естетиката на Xiaomi Mi4.
 
 
Бин Лин ко-основач и претседател на Xiaomi за China News Service изјави дека Xiaomi никого не присилува да ги користи нивните уреди(мора да се признае генијална изјава, како демек останатите брендови добиваат купувачи преку закани со огнено оружје), и продолжува дека конечната оценка и суд треба да се дадат откако ќе се види што нудат, па затоа изрази желба да му подари Xiaomi смартфон на Џони Ајв.
 
 
Главниот директор на дизајн на Apple Џони Ајв ретерираше од своите цврсти ставови извинувајќи се за пресилните зборови кои ги употреби, најверојатно за да ги заштити интересите на компанијата доколку дојде до покренување на судски процес против Xiaomi.