iPhone 6 во Македонија од 31 октомври

Објавено на 14.10.2014 во Новости



iPhone 6 во Македонија од 31 октомври

Apple до крајот на овој месец ќе ги лансира новите модели на iPhone 6 и iPhone 6 Plus во над 30 земји меѓу кои е и Македонија. Операторот Вип претходно го најави доаѓањето на најбараниот смартфон iPhone 6 кој веќе може да се купи по цена од 35.999 денари или пак за 1499 месечна рата во тарифата Vip Free+ NoLimit+, додека пак ОНЕ и Т-Мобиле само што потврдија дека ќе го обезбедат за своите корисници од 31 октомври.
 
 
Цената на iPhone 6 во ОНЕ и Т-Мобиле се уште не е соопштена, нути пак има информации дали ќе биде понуден со попуст во некоја специјална или веќе постоечка пост-пејд тарифа, додека пак сумата само за телефонот може да претпоставиме дека ќе биде над 600 евра.
 
 
iPhone 6 е најтенкиот смартфон на Apple досега со само 6.9 милиметри, а воедно е и значително поголем со 4.7 инчен HD дисплеј, А8 процесор со 64 битна архитектура, 8 мегапикселна Sight камера, додека пак за софтверот е употребена најновата верзија на iOS 8. 
 
 
Фаблетот iPhone 6 Plus од 5.5 инчи ќе биде достапен во помали количини и е поскап за околу 50 евра со основниот пакет од 16 GB вградена меморија.