Првиот веб сајт слави 25 години

Објавено на 03.11.2014 во Новости



Првиот веб сајт слави 25 години

Пред 25 години срамежливо во употреба влегуваа првите домашни компјутери на IBM, Apple, и останатите гиганти, но првиот чекор во креирање на изгледот на интернетот го направи CERN, европскиот центар за нуклеарна физика, кој ја лансираше првата веб страница.
 
 
Администрацијата на CERN барала подобар начин за комуникација и пристап до документите и истражувањата до сите научници од едно централно место. За да се заштеди на време лансирана е административната веб страна со неколку линкови до архиви на документи.
 
На тој начин беше роден World Wide Web или денес познат како огромното сајбер пространство составено од милијарди податоци. Првата веб страна во САД е отворена во декември 1992 година, а понатаму полека но, сигурно се развиваше интернетот со нови сервиси, информативни сајтови и веб страни за комуникации, па се до модерните социјални мрежи.