Sony ќе влезе во црно-бел свет со FES Watch

Објавено на 01.12.2014 во Смарт часовници



Sony ќе влезе во црно-бел свет со FES Watch

Sony Mobile продолжува со употребата на e-ink технологијата која носи дисплеи во црно-бела техника и по првиот ваков таблет, ќе следи и смарт часовник кој ќе има модерни функции. FES Watch е атрактивен часовник кој беше дизајниран од независна старт ап компанија и целиот проект се водеше од целосна нула, за да се добие сосема нов уред со интересни спецификации.
 
 
Всушност и самото ременче на Sony FES Watch продолжува со употреба на „електронската хартија“ како дополнителен материјал за приказ на визуелни ефекти и целосен спој со црно-белиот дисплеј. Часовникот тежи 50 грама, широчина од 40 милиметри и дебелина од 7 милиметри, што е сосема прифатливо за удобно носење на зглобот на раката.
 
 
FES Watch може да се оцени како еден од најефикасните смарт часовници бидејќи со e-ink дисплејот нема да троши многу енергија и батеријата ќе миже да издржи и до недела дена активна работа. Секако, корисникот ја губи можноста за користење на екран во боја, но e-ink дисплејот ги задоволува сите основни потреби како приказ на час, датум, временска прогноза, а може да се користат и различни апликации за организација, навигација и интернет сервиси.
 
 
Цената на FES Watch се уште не е позната, а црно белиот часовник ќе влезе во продажба на средината на 2015 година.